септември 22, 2024
Европската комисија соопшти дека ќе ги задржи сите 22 милијарди евра од фондовите за кохезиската политика на ЕУ за Унгарија додека нејзината Влада не ги исполни условите кои се однесуваат на владеењето на правото и почитувањето на човековите права.

Износот од 22 милијарди евра се наменети за Унгарија од „кохезиските фондови“ на ЕУ кои земјата треба да ги добие од долгорочниот буџет на ЕУ од 2021 до 2027 година.

Одлуката да се задржи целиот износ за земјата е донесена бидејќи вчера Комисијата и Будимпешта потпишаа таканаречен договор за партнерство во кој детално се наведува како ќе се трошат парите од буџетот на ЕУ, како и 11 оперативни програми во рамки на кохезиската политика.

– Ќе продолжиме да работиме со унгарските власти за надминување на оваа ситуација, рече Елиса Фереира, комесар на ЕУ за кохезија и реформи.

Унгарија и ЕУ со години се расправаат околу владеењето на правото, корупцијата, третманот на сексуалните малцинства, образованието и миграциската политика.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK