септември 23, 2024

Турција е на удар на висока инфлација и огромно зголемување на трошоците за домување, толку многу што новата шефица на турската Централна банка, Хафизе Гаје Еркан, мора повторно да живее со своите родители.

Хафизе Гаје Еркан е на чело на централната банка во Турција од јуни годинава.

Партијата ГРОМ бара докази дали пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски навистина има валидно универзитетско образование

Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка и советничка во Совето на општина Карпош Добрила Андоновска од Собранието на Македонија побара информации од јавен карактер поврзани со образованието на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Карпош, Тони Јаревски.  …

– Не можевме да најдеме сместување во Истанбул. Тоа е ужасно скапо. Се сместивме кај моите родители. Дали е можно Истанбул да е поскап од Менхетн?“- изјави 44-годишниот Еркан во интервју за весникот Хуриет.

Пред да биде именувана на оваа позиција, таа две децении живеела во САД и работела на менаџерски позиции во неколку големи банки, меѓу кои и „Голдман Сакс“, пишува германски Шпигел. Таа исто така беше една од директорите на „Тифани“.

Во ноември годишната стапка на инфлација во Турција изнесуваше 62%. Во Истанбул за една година кириите се зголемиле за 77,1%, покажува студијата на Универзитетот Бахчешехир.

Турската влада неодамна го ограничи зголемувањето на киријата на 25%. Сепак, ова ја влоши ситуацијата уште повеќе. Сопствениците на станови сега на секој начин се обидуваат да се ослободат од старите станари, чија кирија не смеат да ја зголемуваат, за да го изнајмат станот на некој друг за многу повисока сума.

За да ја спречи инфлацијата, турската централна банка ја зголеми основната каматна стапка по назначувањето на Хафизе Гаје Еркан во јуни за 30 процентни поени, на 40%.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно долго време се спротивставуваше на зголемувањето на каматните стапки. -Затегнатата монетарна политика почна да има поволен ефект врз потрошувачките цени, но едноцифрена инфлација нема да биде достигната пред 2026 година – рече Хафизе Гаје Еркан во интервју за весникот Хуриет.

Таа ги повика странските инвеститори да инвестираат во лирата.

– Во ова време следната година ќе бидеме во поумерено опкружување во однос на инфлацијата и монетарните ограничувања. Ако треба да влезат странски инвеститори, тоа треба да биде сега. Очигледно, ако дојдат подоцна, приносот ќе биде помал – изјави турската гувернерка.

Хафизе Гаје Еркан вели дека во последните четири недели е зголемена побарувачката на странските инвеститори за државни обврзници, особено оние од САД. Централната банка предвидува дека инфлацијата до крајот на годината ќе достигне 65%, во мај очекува пик од 70 до 75%, а до крајот на следната година може да се спушти на 36%.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK