септември 23, 2024

Студенти од Кина веќе три и пол месеца учат македонски јазик од штипјанката Рената Пенчова, лектор по македонски јазик во Пекинг. За кратко време успеале да совладаат многу, а веќе знаат и да се претстават, како и да ни откријат зошто на Универзитетот за странски студии избрале да го учат токму македонскиот јазик.

Рената Пенчова е од оваа академска година на Универзитетот за странски студии, каде на кинеските студенти им предава македонски јазик. Штипјанката дипломира на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, кој има соработка со Универзитетот за странски студии во Пекинг, а неодамна се потпиша и меморандум за соработка помеѓу двата универзитета. Меѓусебната соработка е можност за размена на академски искуства, културни програми и студенти. Неодамна во Кина овие студенти со професорката Пенчова го чествуваа и празникот св. Климент Охридски.

„Македонскиот јазик е 101. јазикот во групата на јазици на Универзитетот за странски студии во Пекинг. Воочлив е интересот на студентите за изучување на јазикот, а истовремено засилена соработката помеѓу УКИМ и Универзитетот за странски студии во Пекинг. Оваа соработка поддржана од раководителката Цјао Че продолжува во промоција и афирмација на македонскиот јазик, литература и култура преку различен тип на активности и универзитетски културни настани“, вели Пенчова.

Македонистиката во Кина е поддржана и од нашата амбасада во Пекинг. Лекторката по македонски јазик, Рената Пенчова, оствари и средба со в.д. амбасадорот, Васил Андоновски, каде се разговарало за идеи и можни соработки за дополнителна промоција на новиот лекторат на Универзитетот за странски студии во Пекинг.
Видео Тука
Спасова М-нет

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK