септември 23, 2024

Соработката со СДСМ веќе е минато, изјави денеска Стојанче Ангелов, лидер на партија „Достоинство“ која е дел од владината коалиција.

Ви интервју за радио „Лидер“ Ангелов, кој ја извршува функцијата директор на Центарот за управување со кризи, денеска рече дека е разочаран од СДСМ бидејќи таа партија не ги исполнила барањата на неговата политичка партија.

-Во овој момент сметам дека соработката со СДСМ веќе е минато. Оваа влада потфрли во суштината на „Достинство“. Прогласија само четири воени инвалиди. Некако не наидуваме на разбирање – кај СДСМ постои добро расположение, но кочницата е кај ДУИ. Поднесовме иницијатива до Владата, не се закануваме, но бидејќи не помина поднесовме предлог за изменување и дополнување на Законот за бранители. ВМРО-ДПМНЕ му даде целосна поддршка, очекувам претседателот на Собранието да го стави на дневен ред. Се надевам дека СДСМ ќе даде поддршка, кажа првиот човек на „Достоинство“.

Според него, поимот „Европски фронт“ е ПР стратегија на Владата.

-Тоа не значи дека другите партии не се за Европа. Ние речиси и да немаме некоја партија која е против членство во ЕУ. Ние потфрливме како влада, јас ќе се повикам на извештајот на Европската Комисија. Ставањето на вицепремиер на црната листа за мене е погубно, а градоначалникот од редовите во ДУИ исто така заврши на оваа листа, вели Ангелов.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK