септември 22, 2024

Мицкоски не се грижи за националните интереси туку СЕ НАТПРЕВАРУВА СО АПАСИЕВ

Лагите на Мицкоски се потопени, ВМРО ДПМНЕ е во очајно заложништво на Левица.

Христијан Мицкоски не се грижи за националните интереси, тој се грижи само да не заостанува зад Димитар Апасиев и Левица чиј заложник е, велат од Центарот за комуникации на СДСМ.

– Затоа тој заедно со нив организираше насилни протести и лажеше за наводна асимилација.

Факт е дека Мицкоски ја лажеше јавноста дека со прифаќање на европскиот предлог ќе имало асимилација и бугаризација и факт е дека тие негови лаги се потопени.

Со првата меѓувладина седница со потпишувањето на договорот за Фронтекс македонскиот јазик со чиста формулација без додавки и фусноти е потврден и признаен од ЕУ и целиот свет.

Се потврди дека Мицкоски ги лаже сопствените граѓани, нема став и затоа е во целосно заложништво на Димитар Апасиев.

Едноставно, на Мицкоски не може да му се верува! – велат од СДСМ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK