септември 23, 2024

Францускиот весник „Монд“ објави дека руското Министерство за одбрана создало нов корпус наречен „Африкански корпус“ за да го зајакне своето присуство во Либија и Африка.

Францускиот весник наведува дека во оваа војска ќе има и членови на руската платеничка група Вагнер како и нови регрути, нагласувајќи дека се започнати процедурите за прифаќање на нов персонал, пренесува Телеграф.

Свеќата од слава не смее да се фрли – еве што да направите со неа

Светлината на свеќата симболизира дека ние христијаните сме следбеници на религијата на светлината, на науката Христова, и ја принесуваме како соодветна жр тва на Бога. За слава се …
Состојбата на Селин Дион се влошила, изгубила контрола над мускулите

Здраствената состојба на пејачката Селин Дион се влошува. Една година откако ја објави дијагнозата, пејачката повеќе не може да контролира одредени движења на телото. Ова го потврди нејзината …

Ле Монд појасни дека овие руски реформи во групата Вагнер доаѓаат по меѓусебните посети на либиската и руската делегација, што резултираше со договор меѓу Хафтар и Путин за проширување на руското присуство во Либија и Африка, преку новиот африкански корпус.

Весникот посочува дека Москва преку Министерството за одбрана се обидува повторно да го изгради своето присуство во Африка и да го напушти брендот Вагнер.

Исто така, беше истакнато дека ова ново име е директно инспирирано од „Африканскиот корпус“, германските баталјони кои се бореле во Северна Африка за време на Втората светска војна, под команда на генералот Ервин Ромел.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK