септември 23, 2024

Дневните весници што се дистрибуираат на национално ниво годинава нема да добијат субвенции, извести порталот Призма.

Свеќата од слава не смее да се фрли – еве што да направите со неа

Светлината на свеќата симболизира дека ние христијаните сме следбеници на религијата на светлината, на науката Христова, и ја принесуваме како соодветна жр тва на Бога. За слава се купува вистинска …
Состојбата на Селин Дион се влошила, изгубила контрола над мускулите

Здраствената состојба на пејачката Селин Дион се влошува. Една година откако ја објави дијагнозата, пејачката повеќе не може да контролира одредени движења на телото. Ова го потврди нејзината сестра Клодет …

Владата ќе одвои 10 милиони денари или околу 160.000 евра за поддршка на печатените медиуми, но парите се наменети само за локалните весници (до 2 милиони денари) и за неделници.

Овие субвенции редовно се доделуваат пред крајот на годината за трошоците за хартија, печатење и за дистрибуција што весниците ги направиле претходната календарска година. Така, годинава ќе се покријат расходите на печатените медиуми за 2022 година.

За изоставувањето на националните весници, кои во изминативе години беа најголеми корисници на оваа помош и ги добиваа најголемите суми, од владата објаснуваат дека таа одлука ја донеле бидејќи за годинава буџетот е намален, како и поради тоа што овие медиуми добиваат државни пари преку обезбедување комерцијални услуги за институциите, односно преку објавување огласи за набавки, вработувања и друго, пишува порталот Призма.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK