декември 4, 2024

Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузмановски, Татјана Стефановска, Петар Нечоски, како и диџеите Бегзи и Јана Слеј ќе ги забавуваат охриѓани за време на новогодишната ноќ на плоштадот.

Забавата продолжува и следниот ден, односно на 1 -ви јануари.

Новогодишната програма започнува на 31 -ви декември во 12 часот кога ќе има случувања за најмалите со настап на хорот при КУД „Ѓердан од бисери“, па театарската претстава „Дружината на Дедо Мраз“ и мјузиклот „Трите прасиња“.

Со почеток во 20 часот на плоштадот ќе настапат пејачи од македонската забавна и фолк сцена. Празничната програма ќе продолжи на 1 јануари точно на пладне со настап на Марија Савеска и групата „Камелеон“, а концерт ќе има и Лидија Кочовска, Влатко Груески и Андреј Наунов насловен „И повторно евергрин“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK