септември 24, 2024

Не само што студираше во Македонија, туку и планира тука да работи како лекар и да придонесе за развојот на македонското здравство. Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го заврши во рекордно време за шест години, со просек 9,98 и е прогласен за првенец на генерацијата 2022/2023. Леонид Рене Томас Караџинов четири години беше стипендист на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, а годинава е добитник и на парична награда од 1.200 евра- пишуват колегите од порталот Факултети. Мк

– Навистина е тешко да се постигне висок просек, а притоа да се има и дружење, забава, спорт и вонфакултетски едукативни настани. Во текот на студирањето немав цел да го бркам просекот, туку да се опремам со што повеќе знаење од областите учејќи од наша, но и од странска литература. Клучот е во имањето баланс, да се знае кога треба да се жртвуваат привремено активности кои не се приоритет за сметка на учењето – вели Караџинов.

Можноста да лекува луѓе била пресудна во изборот на професијата

За разлика од други негови врсници кои одлучиле да студираат во странство, тој остана во Македонија. А сега и како дипломиран лекар повторно сака да се вложи во македонското здравство.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK