септември 24, 2024

Пејачката Мадона моментално е на турнеја која претходно ја одложи, откако и се слоши, а лекарите се бореа за нејзиниот живот.

Таа 48 часа беше во индуцирана кома поради бактериска инфекција, а сега на нејзиниот концерт во Њујорк јавно откри кој е најзаслужен за тоа што преживеа.

Таа испрати специјална благодарница до нејзината пријателка Шевон.

„Има неколку многу важни луѓе овде вечерва кои беа со мене во болница. Има една многу важна жена која ме одвлече во болница“, започна Мадона, пренесе „Пипл“.

„И не се сеќавам… се онесвестив на подот во бањата и се разбудив на интензивна… Бев во индуцирана кома 48 часа. Таа ми го спаси животот. Ти благодарам, Шевон“, додаде пејачката.

The post „48 часа бев во индуцирана кома“: Мадона откри која личност и го спасила животот на концерт во Њујорк appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK