септември 24, 2024

„Победата на републиканецот Доналд Трамп на претседателските избори во САД во 2024 година може да ги загрози глобалните напори против климатските промени“, посочи премиерот на Канада, Џастин Трудо, во интервју за CBS.

Доналд Трамп, кој ја минимизира важноста на климатските промени, минатата недела кажа дека кога ќе дојде на власт ќе се откаже од сегашното американско ветување, според кое земјите во развој треба да добијат три милијарди долари од САД за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

НА СВАДБАТА ИЗВЕДЕ ВАЛКАН ТАНЦ И ГИ ШОКИРАШЕ СИТЕ ГОСТИ: Му го бутна меѓуножјето во лице, а сите ги интересираше реакцијата на свекрвата(ВИДЕО)

Натали Сандерс моментално е една од најпопуларните невести на Интернет . Таа на својот TikTok профил објави видео од нејзината венчавка , кое брзо стана вирално и предизвика безброј интересни реакции. Таа решила да го почести својот …
Владата издвои 30 милиони денари за реконструкција на спортската сала „Работнички“ во Скопје

Владата на вчерашната владина седница донесе одлука за прераспределба на средства од Буџетот за реконструкција на спортската сала „Работнички“ во Градскиот парк во Скопје. Агенцијата за млади и спорт …

Поранешниот претседател ги критикуваше инвестициите на администрацијата на Џо Бајден во обновливи извори на енергија за време на кампањата.

„Да, постои загриженост особено за животната средина во време кога е толку важно да се оди напред за да се заштити и да се изгради економијата на иднината“, кажа Џастин Трудо во интервјуто за CBS.

„Претседателството на Доналд Трамп што уназадува во однос на климатските промени ќе го забави глобалниот напредок на начини што ме загрижуваат“, додаде Џастин Трудо, опишувајќи го пристапот на администрацијата на Доналд Трамп кон климата како „закана, не само за Канада, туку и за светот“.

Законот, поддржан од Џо Бајден, за борба против инфлацијата, кој доведе до огромни инвестиции во зелената транзиција, ја поттикна Отава да потроши милијарди за да привлече производители на автомобили да произведуваат електрични возила и компоненти за батерии во Канада.

Доналд Трамп еднаш го опиша Џастин Трудо како – „нечесен и слаб“ лидер.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK