мај 1, 2026

До крајот на сезоната во Премиер лигата остануваат уште четири кола. Тотенхем е во зоната за испаѓање со два бода помалку од Вест Хем, а тимот кој е во сериозна опасност од испаѓање веќе почна да се распаѓа.

Како што објави „Газета дело Спорт“, голманот Гиљермо Викарио се договорил со клубот за прекин на соработката. Италијанскиот весник тврди дека Викарио се договорил со Интер.

Викарио пристигна во Тотенхем во 2023 година од Емполи, а оттогаш го носеше дресот на Спарс 117 пати и ја освои Лига Европа минатата сезона.

Газета тврди дека Тотенхем, без многу убедување, се согласил да му дозволи на Викарио да ја прекине соработката и дека договорот е постигнат пред неколку месеци. Наводно, сега е само прашање на денови кога ќе биде завршен договорот со Интер.

Сега само се чека двата клуба да се договорат за деталите за обештетувањето бидејќи Викарио има уште две години договор со клубот од Лондон.

Ова би значело дека иднината на Јан Зомер во Интер е доста неизвесна и прашањето е дали неговиот договор, кој истекува на 30 јуни оваа година, ќе биде продолжен.

Share

The post Тотенхем се растура – Викарио го напушта клбот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK