септември 22, 2024

Претседателот на Руската фудбалска федерација Александар Дјуков најави дека на 27 декември, вторник, ќе биде донесена одлука за евентуалното излегување на Русија од УЕФА и преминувањето во Азиската фудбалска конфедерација.

„Пред неколку месеци сметав дека таква опција е прерана и не размислував за тоа, но сега е можност што треба да ја разгледаме“, изјави Дјуков на крајот на ноември оваа година.

УЕФА ја суспендира Русија поради нападот на Украина. Како резултат на тоа, тие беа елиминирани од плеј-офот за СП 2022 и не беа вклучени во ждрепката за ЕП 2024. Исто така, женската репрезентација не може да се квалификува за СП 2023, а јуниорките тимови беа исфрлени надвор од турнирот.

На Русија и’ е забрането да се кандидира за домаќин на Европското фудбалско првенство во 2028 и 2032 година. Нивната репрезентација нема да игра ниту во следното издание на Лигата на нации.

Летоска, УЕФА им забрани на руските клубови да учествуваат во натпреварувања како што се Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на конференциите.

Со цел да се олеснат односите, требаше да се разговара меѓу УЕФА и Русија за организација на турнирот во мај 2023 година, кога беше планиран меѓународниот развојен турнир на УЕФА за млади репрезентации во Волгоград. УЕФА и покрај моменталната ситуација не сака да го загуби членството на Русија во својата организација. Таа е за варијанта во која по смирувањето на геополитичката ситуација, рускиот фудбал ќе почне да се реинтегрира во европскиот фудбал. За УЕФА загубата на таква земја ќе биде голем удар за нејзиниот имиџ, дури и во сегашната ситуација – објави рускиот портал ,,Шампионат”.

„Оваа одлука сигурно ќе влијае на тоа како ќе се развива рускиот фудбал во следните десет години. Почнавме да разговараме за тоа, но се договоривме дека прво мора да се анализираат сите можни сценарија и нивните последици. Ќе ја продолжиме дискусијата за ова следниот вторник, а потоа ќе ја донесе конечната одлука Имаме можност да се вратиме на официјалните натпреварувања, а преселбата во АFC ни дава таква можност“, заклучи претседателот на здружението.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK