септември 24, 2024

Министерството за внатрешни работи апелира до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престане да пласира лаги, чија цел е дискредитирање на полицијата. И денеска, преку соопштение пласираат лаги за наводна поврзаност на МВР со бегство на лицето Наим Самиу, иако надлежен за определување мерка притвор е единствено – судот.
Наместо да шират лаги за МВР, упатувајќи небулозни прашања на погрешна адреса, прашањата да ги упатат до надлежниот суд. А фактите говорат дека полицијата постапи по сѐ што е донесено како одлука од судот.

Соседот на осомничениот за масовните убиства во Прага: Сега знам зошто ја чуваше футролата за гитарата на улица

Во Чешка денеска е ден на национална жалост по масакрот во четвртокот од страна на 24-годишниот студент Давид Козак на Филозофскиот факултет на Универзитетот Чарлс. Потсетуваме дека во четвртокот попладне Козак уби …
 ГЛУМЕЦ ЗАВЕДЕ 21 ГОДИНА ПОМЛАДА СТУДЕНТКА! Беше нејзин професор на универзитетот, а потоа се разгоре љубовта: „Нашата приказна не е за јавноста“

Популарниот актер Бранимир Поповиќ отсекогаш бил миленик на жените во Србија, а срцето му го украде 21 година помлада колешка . Бранимир ја запознал Сања Јовиќевиќ Поповиќ кога тој ѝ одржал предавање на Факултетот за драмски уметности во …

Токму по поднесена кривична пријава од страна на СВР Тетово на 16 август 2023 година, на Самиу му бил определен активен притвор, а на 29 септември 2023 година од страна на Основниот суд Тетово мерката активен му е заменета со мерка куќен притвор. Покрај ова, ја известуваме јавноста дека против Самиу досега се поднесени 15 кривични пријави за вкупно 30 кривични дела, потоа 4 прекршочни пријави, како и едно писмено известување до ОЈО Тетово. Уште еден доказ кој ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ.
Апелираме до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престанат да шират лаги. За работењето на МВР сведочат резултатите, намалениот криминалитет и големата доверба која полицијата ја има кај граѓаните.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK