септември 24, 2024

Foto/ EPA

Фудбалерите на Рома го совладаа Наполи во Рим, со резултат 2:0 (0:0), во 17. коло на Серија А.

Голема нервоза го обележа „Дерби дела Соле“, судијата покажа 13 жолти и еден црвен картон, а пожолтеа и тренерите Жозе Мурињо и Валтер Мацари.

Практично Рома ја обезбеди победата кога Матео Политано во вториот дел со глупав потег доби црвен картон.

Рома подобро влезе во натпреварот, а првата голема шанса не успеа да ја реализира во 19. минута, Едоардо Бове, откако ја прими топката на работ од шеснаесетникот, шутираше силно кон голот на наполитанците, но ја погоди гредата.

Само две минути подоцна имаше уште една шанса, но неговиот удар го одбрани Алекс Мерет.

Иако поседот беше на страната на Наполи, гостите не успеаја да создадат ниту една конкретна шанса во првото полувреме, кое заврши без голови.

На стартот од вториот дел Наполи заигра многу подобро, а првата шанса ја имаше Квича Кварацкелија во 55. минута, кога влезе во шеснаесетникот и шутираше во средината на голот, што беше лесна работа за Руи Патрисио.

Работите на теренот значително се променија кога Матео Политано доби директен црвен картон поради глупав потег.

Тоа го искористи Рома и поведе во 76. минута, голот го постигна Лоренцо Пелегрини, по додавањето во просторот на Стефан Ел Шарави за 1:0.

До крајот на натпреварот, во 86. минута, Наполи остана и без Виктор Осимено, кој го доби вториот жолт картон.

Точка на натпреварот стави Ромелу Лукаку во шестата минута од судиското надополнување, кога погоди за 2:0.

Во следниот натпревар Рома гостува кај Јувентус, додека Наполи ја пречекува Монца.

Рома го прескокна Наполи и сега е на шестото место во Серија А со 28 бодови, додека Наполитанците се на седмото место со 27 бодови.

The post (Видео) Рома за двајца играчи повеќе го победи Наполи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK