септември 24, 2024

Во Скопје на плоштад сепак ќе има организиран дочек на Новата година. Од Град Скопје во соработка со ,,Комора на музичката индустрија,, ја објавија празничната програма, и најавуваат новогодишна еуфорија.

За време на настаните, најавени се многу забавни активности, но и настапи на голем дел од нашата естрада.
Објавени се и музичарите кои ќе настапат за време на новогодишниот дочек.

Оние кои решиле да ја дочекаат Новата година на плоштад, ќе се забавуваат со настапите на Сузана Гавазова, Блага Петреска, Стојне Николова, Дарио, Слаткар…
Претходните денови пак, на празничниот базар ќе настапуваат Миле Кузмановски, Ламбе Алалбаковски, Куку Леле, ДНК, Антониа Гиговска, Анета Љумаковска, Нино Величковски, Марјан Коцев, Бени Нон Стоп, Елена Велевска, Некст Тајм и многу други. Над 50 музички имиња од домашната сцена ќе имаат учество во празнината програма во главниот град.

Водители на настаните ќе бидат Лила Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески.

Во продолжение, целосното соопштение од Град Скопје по повод празничните настани.

-Во екот на предновогодишните настани и случувања, „Комора на музичка индустрија“, во соработка со „Град Скопје“ подготвуваат поинакво празнично доживување за сите генерации. Од 25.12.2023 започнува празничниот базар, на Плоштад Македонија ќе владее новогодишна еуфорија до 07.01.2024 и сите патишта ќе водат кон центарот на Скопје.

Градот убав Ве кани сите на четиринаесетдневна дружба исполнета со богата музичка програма, разновидни активности, детски новогодишни претстави и многу празнични дарувања.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK