септември 25, 2024

Оваа 2023 година ќе остане запаметена како исклучително успешна за Македонската традиционална таеквондо федерација благодарение на првиот човек Марјанчо Лазаревски.

Најголема благодарност до генералниот спонзор „ПН Метал“, без чија помош немаше да стигнеме до овие успеси- Поради неговото долгогодишно поддржување на нашиот спорт постигнавме врвни резултати вели Лазаревски.
После 31 година добивме решение за дејност, за што користам можност да се заблагодарам до директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.

Учествувавме на Европско првенство во Јесоло, Италија. Христијана Парулеска се натпреваруваше во две дисциплини, освои прво место во борби и второ место во форми. Со два освоени медали и со најдобар резултат таа доби пехар за најдобра кадетка во Европа што е прв, историски пехар во историјата на македонскиот спорт во индивидуални спортови. Годинава учествувавме на 10 меѓународни натпревари, освоивме рекорден број на медали – 266 и 12 пехари за најдобри поединци. Учествувавме на Светското првенство во Астана, Казахстан, каде Христијана Парулеска го освои бронзениот медал во борби, а Елена Јанеска и Давид Крстески стигнаа до петто место. За жал, Христијана Парулеска во полуфиналето во форми мораше да ја предаде борбата поради повреда од која сѐ уште закрепнува. Инаку несомнено, таков беше впечатокот дека ќе го освои првото место, потенцира Лазаревски.

Шампионката Христијана Парулеска годинава беше наградена и со Повелбата „Св. Климент Охридски“ – Патрон на Охрид и е прва охриѓанка која на само 14 години добива вакво признание.

На синоќешната коктел средба Македонската традиционална таеквондо федерација им оддаде признание и на поддржувачите, а благодарница за медиумската поддршка доби и Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK