септември 25, 2024

Терминот „машки грип“ денес станува се почест. Мажите го доживуваат како поблага болест, а го третираат како да е опасен по живот. Тогаш им стапува на помош сопругата, која дење и ноќе стои покрај нив и се грижи за нив како да се мали бебиња, им носи супа во кревет и нагласува дека тоа е обичен грип, дури и ако мажите се чувствуваат како да умираат во тие денови.

Иако можеме да кажеме дека се силни, одговорни и внимателни, нивниот имунолошки систем е многу послаб во споредба со жените.

– Причината лежи во хормоните – женските полови хормони прогестерон и естроген имаат тенденција да го поддржуваат имунолошкиот систем, додека машкиот хормон тестостерон може да го потисне имунитетот. Како главен машки хормон, тестостеронот се чини дека ја потиснува имунолошката одбрана, веројатно затоа што поттикнува градење на мускулите – вели Франциско Убеда де Торес, професор по биологија, а пренесува Дејли Меил.

Но, повторно, зошто жените имаат посилен имунолошки систем од мажите?

– Од еволутивна перспектива, силниот имунолошки систем им овозможува на жените најдобро да го заштитат фетусот од инфекции кои од нив се пренесуваат на бебето во утробата – вели професорот де Торес, кој го проучува здравјето на жените и мажите. Исто така, известува дека тие имаат поголем ризик од развој на многу болести бидејќи вирусите и бактериите остануваат подолго во машките клетки.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK