април 30, 2026

Тренерот на Ал Хилал, Симоне Инзаги, во големо интервју за „Газета дело Спорт“ зборуваше за времето поминато во Интер, причината за неговото заминување, како и за споменувањето на трофејниот клуб во контекст на скандалот со судиите во Италија.

За почеток, тој коментираше за можната вмешаност на „нероаѕурите“ во скандалот околу судијата Џанлука Роки, кого противниците на Интер го сметаат за близок до неговиот поранешен клуб.

„Тоа ме шокира. Интер изгуби многу бодови поради судиски грешки, и во Серија А и во Суперкупот. Изненаден сум што сме споменати во таа приказна, со оглед на тоа што сме оштетени, а не фаворизирани“, рече Инзаги.

Во продолжението на интервјуто за „Газета“, тој откри зошто ја напушти клупата на Интер на крајот од минатата сезона, во која клубот беше во игра за сите три трофеи, но не освои ниту еден.

„Да ја освоевме Лигата на шампионите, ќе останев. Јас го иницирав состанокот по финалето и побарав промена, бидејќи циклусот заврши. Тие сакаа да останам. Освоив за четири години и сум задоволен од резултатите. Двапати стигнавме до финалето на Лигата на шампионите и не би променил ништо. Имавме сон да ја освоиме тројната круна. На крајот ја плативме цената играјќи 23 натпревари повеќе од Наполи, кој го освои Скудетото“.

Сепак, и покрај поразот во финалето на елитното европско натпреварување, тој ги истакнува натпреварите против Баерн и Барселона (четвртфиналето и полуфиналето од минатата сезона) како победи достојни за трофејот.

„Тие ноќи и победите над Баерн и Барселона ќе се паметат повеќе од трофеите – незаборавни победи“.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Инзаги: Да ја освоевме ЛШ ќе останев во Интер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK