април 30, 2026

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, покрај тековните пролетни активности, спроведува и акција за замена на оштетените и дотраени штафни на парковските клупи низ градот. Целта на оваа активност е подобрување на урбаната опрема и создавање поудобни и поуредни јавни простори за граѓаните.

Од претпријатието информираат дека грижата за јавните површини е заедничка одговорност, при што упатуваат апел особено до младите да се однесуваат совесно и да го почитуваат местото во кое живеат.

„Само со заедничка грижа можеме да создадеме урбана средина која е чиста, уредена и зелена, каков што сакаме да биде Прилеп“, порачуваат од ЈКП „Комуналец“.


Share

The post Прилепските паркови добиваат нов урбан изглед– ЈКП Комуналец започна со замена на оштетените клупите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK