септември 25, 2024

Алфонсо Дејвис, левиот бек на Баерн Минхен е голема желба на Реал Се чини дека и тој сака да се пресели во Мадрид, но за да му се оставри желбата ќе мора да се согласи на помала плата.

Канадскиот репрезентативец во Баерн пристигна во 2018 година од Ванкувер, неговиот договор истекува на 30. јуни 2025. Дејвис со месеци преговара со раководството на Баерн за продолжување на соработката, но договор се уште не е постигнат.

„Марка“, пренесува дека Баерн му нуди на Дејвис годишна плата од 10 милиони евра. Сепак, канадскиот фудбалер за продолжување на договорот бара плата меѓу 11 и 13 милиони евра по сезона. Баерн не сака да ги исполни барањата на Дејвис бидејќи клубот смета дека неговиот придонес не е на потребното.

Реал сака да ја искористи оваа ситуација, бидејќи планира да го ангажира Дејвис. Раководството на Реал ќе бара од канадскиот фудбалер да се согласи на помала плата за да се пресели во Мадрид. .

„Марка“ го истакнува примерот на англискиот фудбалер Џуд Белингем, кој во летниот преоден рок одби многу поголема понуда од друг клуб само за да го облече дресот на Реал.

Белингем наводно заработува меѓу шест и осум милиони евра во Реал. Истата сума Реал му ја нуди и на Дејвис. .

Канадскиот фудбалер оваа сезона одигра 23 натпревари за Баерн во сите натпреварувања.

The post За да се пресели во Реал Дејвис мора да прифати помала плата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK