септември 20, 2024

Момче кое е заробено во тело на старец изгледа многукратно постаро и поради тоа често е предмет на потсмев од своите врсници.

Момче по име Мохамед (12) е родено во Сирија, а неговата животна приказна крие болна вистина. Неговото семејство избегало од војната, а тој боледува од ретка болест. Имено, тој пати од генетско пореметување, поради што изгледа многукратно постаро.

Поради својот специфичен изглед, Мухамед често бил мета на задевања од своите врсници, а каде и да се појави привлекува големо внимание. Додека многумина имаат безброј желби, ова момче има само една – „да биде убав“.

Сакам да бидам убав како другите деца и да одам на училиште“, рекол Мухамед и низ солзи рекол дека другите деца нема да го остават на мира.

Неговата приказна скрши многу срца. Приказната стигнала и до Хусеин Манавер, идниот прв муслимански астронаут од Британија, кој сакал да му помогне на малиот Мухамед на кој било начин.

„Штом го видов сакав да бидам близок со него, на некој начин да му бидам пријател. Сакав да му кажам колку е посебен“, изјави Хусеин пред неколку години и нагласи:

„Приказната на Мухамед не е само приказна за момче заробено во тело на старец, туку приказна за имигранти. Неговото семејство побегна од Сирија во Турција, тие немаат пасоши и затоа не можат да добијат третман или да дознаат од што Мухамед боледува.“

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK