Apple ја прекина традицијата што ја одржува веќе 12 години со тоа што не објави нов iPad во 2023 година.
Ова е прв пат компанијата да одлучи да не лансира нов таблет во текот на целата календарска година, од претставувањето на овој производ во својата линија, истакнуваат од MacRumors.
Од своето деби во 2010 година, iPad е суштински производ за Apple и водечки уред на пазарот на таблети. Секоја година излегуваше нов модел, а претходните години Apple издаваше до четири нови iPad-и годишно.
Тековниот iPad беше објавен во октомври 2022 година, а единствениот уред објавен во текот на 2023 година што е поврзан со iPad е Apple Pencil со USB-C порта.
Ова е список на сите уреди на Apple iPad објавени досега:
2010: iPad (1. генерација)
2011: iPad 2
2012: iPad (3. генерација), iPad (4. генерација) и iPad mini (1. генерација)
2013: iPad Air (1. генерација) и iPad mini 2
2014: iPad Air 2 и iPad mini 3
2015: iPad mini 4 и iPad Pro 12.9-inch (1. генерација)
2016: iPad Pro 9.7-inch
2017: iPad (5. генерација), iPad Pro 12.9-inch (2. генерација) и iPad Pro 10.5-inch
2018: iPad (6. генерација), iPad Pro 11-inch (1. генерација) и iPad Pro 12.9-inch (3. генерација)
2019: iPad (7. генерација), iPad Air (3. генерација) и iPad mini (5. генерација)
2020: iPad (8. генерација), iPad Air (4. генерација), iPad Pro 11-inch (2. генерација) и iPad Pro 12.9-inch (4. генерација)
2021: iPad (9. генерација), iPad mini (6. генерација), iPad Pro 11-inch (3. генерација) и iPad Pro 12.9-inch (5. генерација)
2022: iPad (10. генерација), iPad Air (5. генерација), iPad Pro 11-inch (4. генерација) и iPad Pro 12.9-inch (6. генерација)
2023: Ниту еден
Гласините сугерираат дека 2024 година ќе биде многу позначајна година за линијата на iPad, при што се очекува секој модел (iPad, iPad mini, iPad Air и iPad Pro) да добие хардверско освежување.
Се очекува iPad Air да добие модел од 12,9 инчи, додека премиум iPad Pro ќе има голем број нови функции, вклучувајќи OLED дисплеј, M3 чип и нов додаток за тастатура.
The post Apple ја прекина 12-годишната традиција appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде