Сезоната на празници носи огромен број различни вина и алкохолни пијалоци, но многумина не се свесни колку долго можат да траат откако ќе се отворат. Оние кои повремено консумираат алкохол ќе бидат воодушевени кога ќе откријат дека неотворено шише има неодреден рок на траење, додека отвореното шише алкохол може да се конзумира подолг период од она што претпоставувале.
Од друга страна, виното и пивата треба да се испијат во рок од една недела откако ќе се отворат. Треба внимателно да ги прегледате отворените шишиња за знаци на мувла или инсекти кои можеби навлегле внатре за да спречите болест – и мирисајте го пијалокот пред да се фатите за чашата, пишува „Дејли мејл“.
Колку долго траат жестоките пијалоци?
Жетоките обично траат до две години откако ќе се отвори шишето. Виски, вотка, текила, ракија, џин и рум имаат висока содржина на алкохол со минимален шеќер.
Сепак, иако нема здравствени ризици, неопходно е да се забележи дека процесот на оксидација ќе предизвика промена во вкусот и бојата на пијалокот. Се препорачува да се заврши отвореното шише во рок од 12 до 18 месеци за да задржи што е можно повеќе од неговиот оригинален вкус.
Колку долго трае пивото?
Пивото во лименка или шише не прави голема разлика бидејќи штом ќе се отвори мора да се заврши во рок од ден до два. Оксидирањето на овој конкретен алкохол ќе го направи исклучително горчлив по вкус, а газираноста ќе испари во рок од неколку часа. Ако не е отворено, пивото складирано во фрижидер може да трае и до две години по истекот на рокот – но најбезбедно е да се провери двапати пред да се конзумира.
Колку долго трае виното?
Австралискиот трговец со вино Шон Мензес вели дека кога шишето вино подотворено, почнува да оксидира. Количината на времетраењето на алкохолот зависи од видот на виното, како се чува и колку останува во шишето.
Пенливото вино ќе трае само еден до два дена откако ќе се отвори, па затоа најдобро е да инвестирате во добар квалитетен затворач за шишиња или да уживате да го поделите шишето со вашите пријатели. Во зима, отворените шишиња црвено вино ќе траат од четири до пет дена, но на лето поради жештините тоа ќе трае два до три дена. Исто така, се препорачува црвено вино да се чува на темно место безразлика дали е отворено или затворено.
The post Колку долго може да ви траат виното, пивото и жестоките пијалоци откако ќе ги отворите appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде