Експлозијата одекнала на југот на Бејрут, јавува Ројтерс. Во јужниот дел на либанската престолнина силно влијание има движењето „Хезболах“.
Според либанските медиуми, израелско беспилотно летало извршило напад врз канцеларијата на Хамас во областа Машарафи. Според првичните информации четири лица загинале, а некои се ранети.
#WATCH : Two explosions within the vicinity of a vehicle and apartment were reported in Dahye, southern Beirut.
Details are emerging.#Dahye #Beirut #Explosion #BREAKING_NEWS pic.twitter.com/VLpcwGzW8M
— upuknews (@upuknews1) January 2, 2024
Според неофицијални информации, цел на Израел бил членот на раководството на Хамас, Салех ал Аури, кој бил убиен во напад со беспилотно летало. Тој беше еден од основачите на бригадите Ел Касам, военото крило на палестинското движење Хамас.
Следете не, не има насекаде