ноември 21, 2024

Полската војска денеска објави дека подигнала четири борбени авиони Ф-16 за да ја надгледува границата со Украина, по силното руско бомбардирање на соседната земја.

„За да се гарантира безбедноста на полскиот воздушен простор, активирани се два пара ловци Ф-16 и сојузнички воздушен танкер“, соопшти оперативната команда на полската армија.

Либан: Разорен напад на Израел на Бејрут! Главниот град гори, главен играч од Блискиот Исток ликвидиран!

Експлозијата одекнала на југот на Бејрут, јавува Ројтерс. Во јужниот дел на либанската престолнина силно влијание има движењето „Хезболах“. Според либанските медиуми, израелско беспилотно летало извршило напад врз …
Грабежи во Милано во стилот на Пинк Пантер! Уапсени двајца Срби: Украле вредно злато а само од вино ,,спечалиле” 200.000 евра (видео)

Во Милано полицијата уапси двајца државјани на Србија, на возраст од 56 и 66 години, кои се осомничени дека се извршители на бројни кражби извршени во периодот од октомври …

Во вторникот наутро руската армија изврши нова серија големи воздушни напади врз Украина, при што загинаа најмалку четворица цивили, а беа повредени повеќе од 90 лица, главно во Киев и Харков.

Полска, членка на НАТО, во петокот објави дека нејзиниот воздушен простор бил нарушен од руска „крстосувачка ракета“ која летала над нејзина територија три минути, по што заминала во Украина.

Поради тоа полските цивилни и воени власти одржаа итни состаноци со претставниците на НАТО и полскиот систем за противвоздушна одбрана беше ставен во состојба на готовност.

Сличен инцидент се случи во ноември 2022 година кога украинска ракета падна врз полското село Пржеводов, во близина на границата со Украина, при што загинаа двајца цивили.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK