Патниците и членовите на екипажот на јапонскиот авион кој се запали при слетување на аеродромот во Токио успеале да се евакуираат за само 90 секунди пред пламенот да го зафати трупот на авионот, соопшти противпожарната служба.
Авионот на компанијата „Јапан ерлајнс“ се запали при слетување на пистата на аеродромот „Ханеда“ во Токио.
Иако експлозијата и пламенот може да се видат на видеото од авионот кој се движи по пистата, сите во него беа безбедно евакуирани.
На видеото се гледа како патничкиот авион се движи по пистата додека е зафатен од пламен.
За време на евакуацијата, која траела само 90 секунди, патниците и членовите на екипажот користеле воздушни лизгалки кои се користат во итни случаи.
Во Ербас А350-900 имало речиси 400 патници и членови на екипажот.
Летот 516 на Japan Airlines полета од аеродромот Читосе во Хокаидо и слета на аеродромот Ханеда во Токио.
Компанијата „Јапан ерлајнс“ соопшти дека при слетувањето, авионот пресретнал авион на јапонската крајбрежна стража, јавуваат јапонските медиуми.
Следете не, не има насекаде