ноември 21, 2024

Обвинителството ќе го чека вештањето на запленетите пиротехнички средства во џипот на внукот на Али Ахмети, Дрин, па дури потоа ќе цени дали има доволно елементи за кривична одговорност или ќе помине со прекршочна казна.
Пиротехниката која полицијата при претрес ја пронајде во возилото на Дрин Ахмети, младиот бизнисмен и внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, ја набавил легално. Со вакво тврдење и без да сака да сподели повеќе детали, излезе Дрин Ахмети. Не смета дека сторил кривично дело, па затоа ќе води правна битка.

Либан: Разорен напад на Израел на Бејрут! Главниот град гори, главен играч од Блискиот Исток ликвидиран!

Експлозијата одекнала на југот на Бејрут, јавува Ројтерс. Во јужниот дел на либанската престолнина силно влијание има движењето „Хезболах“. Според либанските медиуми, израелско беспилотно летало извршило напад врз канцеларијата на Хамас во областа …
Грабежи во Милано во стилот на Пинк Пантер! Уапсени двајца Срби: Украле вредно злато а само од вино ,,спечалиле” 200.000 евра (видео)

Во Милано полицијата уапси двајца државјани на Србија, на возраст од 56 и 66 години, кои се осомничени дека се извршители на бројни кражби извршени во периодот од октомври до декември во златарници, хотели …

„Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци.“

Кривичниот законик навел дека држењето и набавката на распрскувачки материи е кривично дело. Министерот за внатрешни Оливер Спасовски вчера потврди дека во исвестувањето кое МВР го доставило до Јавното обвинителство е наведен членот 396 од КЗ.
Ако предмет на делото е поголемо количество на распрскувачки материи наменети за дозволени забавни, свeчени и други активности, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.

Сепак последниот збор за тоа дали воопшто, или ако одговора Дрин Ахмети тоа ќе биде кривично или прекршочно, ќе го има Јавното обвинителство. Од таму и денеска не споделуваат нови детали за случајот освен дека се чека вештачење на доказите па ќе се носи одлука. Доколку се утврди дека Ахмети не сторил кривично дело тогаш на полицијата ќе и остане опцијата да поднесе прекршочна пријава. Законот за прекршувањата на јавниот ред и мир за употреба на пиротехнички средства предвидува парична казна од 100 до 250 евра. Дрин Ахмети беше уапсен ден пред Нова година во блисина на старата скопска чаршија при што тигрите пронашле 750 парчиња пиротехнички средства.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK