ноември 21, 2024

Бензините на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,19 отсто.

Либан: Разорен напад на Израел на Бејрут! Главниот град гори, главен играч од Блискиот Исток ликвидиран!

Експлозијата одекнала на југот на Бејрут, јавува Ројтерс. Во јужниот дел на либанската престолнина силно влијание има движењето „Хезболах“. Според либанските медиуми, израелско беспилотно летало извршило напад врз канцеларијата …
Грабежи во Милано во стилот на Пинк Пантер! Уапсени двајца Срби: Украле вредно злато а само од вино ,,спечалиле” 200.000 евра (видео)

Во Милано полицијата уапси двајца државјани на Србија, на возраст од 56 и 66 години, кои се осомничени дека се извршители на бројни кражби извршени во периодот од октомври до …

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,5, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 73 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,839 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,236 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,085 отсто, кај дизелот за 2,120, кај екстра лесното масло 2,043 и кај мазутот за 1,589 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,869 отсто.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK