Пејачката Селена Гомез и актерката Франсија Раиса го обновија пријателството откако извесно време беа оддалечени една од друга.
Тие две се запознале во 2007 година, кога биле тинејџери, а во 2018 година Франсија ѝ подарила бубрег на Селена и и го спасила животот.
Меѓутоа, после тоа сите почнаа да зборуваат за тоа дека веќе не се во добри односи, а овие приказни дополнително се подгреаа кога Гомез во интервју во 2022 година изјави дека Тејлор Свифт и е „единствена пријателка“, а потоа во нејзиниот документарен филм таа воопшто не ја спомна Франсија.
На социјалните мрежи луѓето масовно го коментираа ова. Се чинеше дека Франсија е навредена, бидејќи оваа постапка на нејзината пријателка ја коментираше во објава која подоцна ја избриша.
Селена потоа на „Тик-ток“ рече: „Жал ми е што не ги спомнав сите луѓе што ги познавам“.
Франсија Раиса сега откри дека тие две повторно се блиски, а Селена јавно и го честиташе роденденот.
„Ништо не се случи, а ако прашате некој од нас, не знаеме што се случи“, изјави таа за „USA Today“.
„Но, требаше да се разделиме. Потоа, кога ќе се вратите заедно, ќе бидете подобри луѓе. Сè уште се запознаваме“, истакна актерката.
The post И го донираше својот бубрег, а потоа се оддалечија: најдобрата пријателка на Селена Гомез за пријателството appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде