ноември 22, 2024

Интегрален текст од изјава за медиуми на Владимир Бислимовски, советник во Советот на Општина Карпош:

Почитувани граѓани,

Поради блокадите на ДПМНЕ и Левица загрозена е работата на градинките, училиштата и администрацијата на општина Карпош.

Целото функционирање на општината е загрозено поради неразумните деструкции на ДПМНЕ и Левица по налог на Христијан Мицкоски.

На последната седница на Советот на општина Карпош ДПМНЕ и Левица не само што го блокираа донесувањето на Буџетот туку ја блокираа и одлуката за времено финансирање.

Со ова вработените градинките, училиштата, администрацијата во Карпош, вработените кои се грижат да водоводите, хигиената, одржување на локалните институции не може да земат плата.

Со што овие луѓе им згрешија на Мицкоски, ДПМНЕ и Левица па вака да ги казнуваат?

Затоа е и овој протест денеска на дел од вработените, кои се соочуваат среде празници да бидат без пари, да не можат да си ги платат сметките, да не можат да одвијат за своите деца.

Ова што го прават ДПМНЕ, Левица и Мицкоски не е политика.

Ова е предизвикување пакост и штета на работниците и граѓаните поради лични хирови на Мицкоски.

Ова е злонамерно, брутално и нечовечно казнување на работниците кое мора да се прекине.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK