ноември 22, 2024

Чаша млеко пред спиење, мирисање ванила, подготвување храна без маснотии, се само некои од триковите со помош на кои можете слободно да заштедите и да согорите калории, да го смирите апетитот да ја измамите гладта.

САМ ГО НАЦРТАЛ НАКИТОТ СПОРЕД ИДЕЈАТА НА СОФИЈА ЛОРЕН! Јована Јеремиќ доби прескапо ланче и нараквица од БОГАТОТО МОМЧЕ, ова се деталите

Водителката Јована Јеремиќ ужива во љубовта со Драган Станковиќ , кој е 15 години постар, богат претприемач, кој и купил скапо ланче и нараквица како новогодишен подарок . – Тој сакаше да биде …
Најчести семејни новогодишни кавги

Периодот кој престои е време за дружење, се е некако свртено кон семејните традиции, кон славење на животот. овој период според многумина е најсреќниот период од …

Пијте вода со лимон

Пијте редовно, науто на празен стомак, најмлку една чаша обична вода со малку лимон. Размената на материи во организмот ќе се забрза и вие ќе согорите дополнителни 20 калории.

Мирисајте ванила

Мирисот на ванила ги активира хормоните на среќа во мозокот, речиси како чоколадото. Неколку капки масло од ванила ставете на шамиче и дишете. По желба, можете да употребите и мирис на јаболко или банана.

Шејк за појадок

Измиксајте 100гр малини, 250гр млеко и една лажица мед. Вистинска работа за утрото! Ќе ви помогне во надминување на утринската мрза.

Зачини наместо сол

При подготвување на храната користете помалку сол, а повеќе зачини. Солта ја задржува водата во организмот и спречува отстранување на отпадните материи. Зачините кои ве прават тенки се магдонос и босилек.

Цимет наместо слатко

Циметот ја убива гладта за слатки. Малку цимет ставете во јогурт илиџвакајте мастика со вкус на цимет.

Сенф наместо путер

Наместо путер или маргарин на леб намачкајте сенф. Пикантен е и содржи само 10 калории, за разлика од една лажица путер која има дури 40 калории.

Измамете ја гладта

Кога ќе почувствувате глад, почекајте 20 минути пред да се најадете. За тоа време во организмот ќе се создаде адреналин кој ги согорува маснотиите и регулира размена на материи во организмот. Кога доцна навечер ќе почувствувате глад, напијте се чаша млеко. Протеините од мелкото нема да ве здебелат, а ќе бидете сити.

Арома трик

Безмасното сирење извадете го од фрижидер 30 минути пред јадење. На собна температура сирењето ќе добие поинтензивен вкус и арома.

Ослободете се од маснотиите

Подготвувајте јадења без маснотии: месото или рибата зачинете ги, додадете зеленчук, замотајте во алуминиумска фолија и печете.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK