ноември 23, 2024

Силни експлозии одекнале синоќа во делови од југозападна Русија и на анектираниот од Москва полуостров Крим, јавува Би-би-си.

Руските власти соопштиле дека пограничниот град Белгород, каде што во саботата во напад од страна на Украина загинаа 25 лица, бил повторно цел на напад, како и градот Севастопол на Крим, каде што била соборена украинска ракета.

9 супер трикови за слабеење

Чаша млеко пред спиење, мирисање ванила, подготвување храна без маснотии, се само некои од триковите со помош на кои можете слободно да заштедите и да согорите калории, …
САМ ГО НАЦРТАЛ НАКИТОТ СПОРЕД ИДЕЈАТА НА СОФИЈА ЛОРЕН! Јована Јеремиќ доби прескапо ланче и нараквица од БОГАТОТО МОМЧЕ, ова се деталите

Водителката Јована Јеремиќ ужива во љубовта со Драган Станковиќ , кој е 15 години постар, богат претприемач, кој и купил скапо ланче и нараквица како новогодишен подарок . – Тој сакаше да биде изработен …

Во последните денови, како што наведува британскиот национален сервис, воздушните напади меѓу Русија и Украина добија на интензитет.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија истрелала околу 300 проектили и 200 беспилотни летата врз Украина во изминатите пет дена.

Русија ги започна своите најголеми бомбардирања од воздух во рамките на инвазијата на Украина кон крајот на минатата недела, а во кои загинаа повеќе од 40 луѓе. На руската офанзива, украинските сили одговорија со напад на пограничниот руски град Белгород, во кој покрај 25 убиени, беа повредени и повеќе од 100 луѓе.

Ноќеска повеќе експлозии биле пријавени во Белгород, а гувернерот на регионот изјавил дека биле уништени неколку беспилотни летала.

Над пристаништето во Севастопол, најголемиот град на анектираниот од Русија полуостров Крим, бил соборен проектил, изјавил на Телеграм гувернерот на областа инсталиран од Москва, Михаил Развозаев.

Засега нема информации за жртви или предизвикана материјална штета во последните напади.

Инаку, нападите доаѓаат откако вчера руски проектили ги погодија најголемите градови во Украина, вклучувајќи ги Харков и Киев, во кои, според локалните власти, загинале најмалку пет лица, а десетици се повредени.

Нападите уследија и откако рускиот претседател Владимир Путин вети дека ги засили нападите врз Украина како одговор на неодамнешните напади на Украина на руска територија, односно на градот Белгород.

Во своето ноќно обраќање вчера украинскиот претседател Зеленски рече дека Русија во текот на истиот ден истрелала речиси над сто проектили од различни типови.

Според него, нападите биле „конкретно насочени од непријателот да предизвикаат што е можно поголема штета“.

Украинската амбасадорка во САД, Оксана Маркарова, подоцна во изјава за Би-би-си изјавила дека неодамнешното руско бомбардирање не било изненадување посочувајќи дека на Украина ѝ е потребно повеќе оружје за да одговори и да ѝ испрати јасна порака до Русија да престане со агресијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK