На кошаркарскиот натпревар од Суперкупот на Египет меѓу Ал Ахли и Ал Итихад се урна една од трибините, а според египетските медиуми повредени се голем број навивачи.
Локалните медиуми јавуваат дека 27 навивачи биле повредени при уривање на трибината.
Но, она што е најважно е што во извештајот на египетските медиуми наведуваат дека нема повредени кои се сметаат за опасни по живот.
Инцидентот се случи кон средината на третата четвртина, кога гостинската екипа водеше со 66:45.
Натпреварот брзо беше прекинат, а по првичниот шок на помош притрчаа играчите и стручниот штаб на двата тима.
Портпаролот на египетското Министерство за спорт, Мохамед Фавзи за локална телевизија изјави дека „трибината се урна по стампедо од навивачите на Итихад“.
Следете не, не има насекаде