септември 22, 2024

Младиот италијански тенисер Матео Арналди изјави дека е фан на Новак Ѓоковиќ и дека технички и физички сака да наликува на српскиот тенисер.

Еден од тенисерите кој најмногу напредуваше на АТП листата, изјави дека Новак Ѓоковиќ е негов пример.

Матео Арналди годинава дебитираше на АТП турнејата во Рим, кога доби „вајлд-карта“.

Младиот тенисер напредуваше од 363. на 134. место, а изјави дека сака да наликува на српскиот тенисер и физички и технички.

„Тој отсекогаш ми беше пример. Во Рим го загревав пред натпреварите, тој ми е референтна точка. Има некои сличности. Би се дефинирал себеси исто така и како контра-напаѓач. Верувајте, јас сум малиот Ѓоковиќ. “ изјави Арналди.

Талентираниот тенисер додаде дека како Новак сака тврди терени и бекхенд со две раце.

„Пораснав на таа подлога, а на почетокот на годината почнавме да играме и во затворен простор, иако моите најдобри резултати досега беа на земјена подлога. УС Опен и Австралија опен остануваат Грен слем турнири каде сонувам за големи резултати. Работам многу и сум многу амбициозен“, заклучи тој.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK