септември 22, 2024

Повеќе од 500.000 луѓе се потпишаа на онлајн петиција поведена во Аргентина со која се бара „Франција да престане да плаче“ по поразот во финалето на Светското првенство во Катар.

„Откако победивме, Французите не престанаа да плачат и да се жалат, и не прифаќаат дека Аргентина е светски првак“, изјави Валентин Гомез, иницијаторот на петицијата насловена „Франција, престани да плачеш‘, која на страницата Change.org досега собра 570.768 потписи.

Судењето во минатонеделното финале од страна на полскиот арбитер Шимон Марчинијак предизвика критики во Франција, вклучувајќи ја и неговата одлука да досуди пенал по прекршокот на Усман Дембеле над Анхел Ди Марија во првото полувреме.

Французите се жалеа и поради непочитување од поедини аргентински репрезентативци по победата, а пред сè од односот на голманот Емилијано Мартинез.

Меѓу нив се јави и претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел ле Грет, кој му пиша на својот аргентински колега Клаудио Тапи дека е вџашен од „испадите“ за време на аргентинското славје на титулата. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK