септември 22, 2024

Џон Кирби, портпарол на Белата куќа, рече дека Путин не покажал апсолутно никакви индикации дека е подготвен да преговара за крај на војната.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека оваа земја е подготвена да преговара со сите страни вклучени во војната во Украина. Тој ги обвини Киев и неговите западни сојузници дека одбиваат да преговараат, пренесува „Гардијан“.

– Подготвени сме да преговараме со сите за прифатливи решенија, но тоа зависи од нив, не сме ние тие што одбиваат да преговараат, тие одбиваат – нагласи Путин за државниот канал „Русија 1“.

Тој додаде дека Русија дејствува во вистинска насока во Украина, бидејќи Западот на чело со Соединетите Американски Држави се обидува да ја подели Русија.

– Верувам дека постапуваме во вистинска насока, ги браниме нашите национални интереси, интересите на нашите граѓани, нашиот народ. А ние немаме друг избор освен да ги заштитиме нашите граѓани – рече Путин.

Сепак, Џон Кирби, портпарол на Белата куќа, рече дека Путин не покажал апсолутно никакви индикации дека е подготвен да преговара за крај на војната.

– Сè што прави на земја и во воздух (зборува за нападите) зборува за човек кој сака да го продолжи насилството врз украинскиот народ – изјави Кирби.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK