За британскиот принц кој беше обвинет за сексуален напад врз малолетник во 2019 година, животот на кралскиот двор официјално е завршен
Британскиот крал Чарлс Трети го избркал од Бакингемската палата својот брат, принцот Ендрју поради тужба за сексуална злоупотреба на малолетничка, објави британскиот весник „Репорт“.
„Неговиот живот во палатата е официјално завршен. Кралот јасно му кажал. Ендру не е член на кралското семејство. Тој сега е сам“, рекол изворот за “Report”.
Принцот Ендру е вториот од трите сина на кралицата Елизабета Втора и служеше како нејзин државен советник. Во ноември 2019 година, тој се повлече од сите јавни работи, а од јануари 2022 година, сите воени почести и кралско покровителство беа укинати.
Во 2019 година, британскиот принц беше обвинет од Американката Вирџинија Џуфре дека сексуално ја нападнал и силувал во Лондон и САД кога имала 17 години.
Џефри тврдеше дека била местена од добриот пријател на принцот, њујоршкиот милијардер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн.
Следете не, не има насекаде