Руската армија масовно користи беспилотни летала за напад и извидување, што и создава се повеќе проблеми на Украина на бојното поле, изјави полковникот на украинската армија Иван Павленко во интервју за британскиот весник „Фајненшл тајмс“.
„Русите неодамна почнаа да произведуваат толку многу дронови што станува огромна закана. Масовната употреба на беспилотни летала е нешто ново“, рече тој.
Павленко додаде дека во овие услови системите за електронско војување стануваат уште поважни.
Еден од украинските војници изјави за весникот дека поради недостаток на опрема за електронско војување во Вооружените сили на Украина, руските војници го уништуваат непријателот „како комарци“.
Во тој поглед, Павленко ги повика западните сојузници на Украина да испорачаат опрема што може да пречи на рускиот сателитски систем за наведување руски ракети и беспилотни летала.
Следете не, не има насекаде