Доривал Жуниор е новиот селектор на Бразил, потврди Сао Паоло, клубот со кој искусниот стручњак го раскина договорот.
„Нашиот клуб го најавува заминувањето на тренерот Доривал Жуниор, кој побара раскин на договорот за да ја преземе командата со бразилската репрезентација“, беше објавено на сајтот на Сао Паоло.
Се очекува официјално соопштение на Фудбалски сојуз на Бразил и објавување на деталите од договорот кој, според медиумите, ќе биде потпишан до летото 2026 година.
Бразил го отпушти Фердинандо Диниз во саботата поради лошите резултати на тимот во претходните месеци.
После шест кола одиграни во квалификациите за Светскиот куп, Бразил има освоено само седум поени и е на шестото место, последното што гарантира директна виза за Мундијалот.
Доривал Жуниор (61) во својата богата тренерска кариера ги водеше скоро сите бразилски гиганти: Фламенго, Палмеирас, Сантос, Флуминенс, Васко да Гама, Крузеиро, Интернационал …
The post Бразил има нов селектор appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде