Apple веќе некое време развива камери под екранот, а извештаите сугерираат дека тие ќе се појават на моделите на iPhone 19 на компанијата.
Веќе подолго време кружат гласини дека Apple ќе имплементира камери под екранот и Face ID на iPhone, со што целосно ќе го отфрли засекот на дисплејот. Во новиот извештај се споменува дека јужнокорејскиот добавувач на Apple почнал да развива камера под екранот за идните модели на iPhone.
Иако ова е возбудлива вест, новата технологија на камерата не се очекува да дебитира до серијата iPhone 19, која треба да биде објавена во 2027 година. Во истиот извештај се споменува дека пред камерата, Apple ќе воведе Face ID под екранот.
Извештајот сугерира дека LG Innotek работи на ваков тип на камера која ќе биде поставена под дисплејот на идните iPhone-и. Компанијата наводно работи на специјален објектив, наречен „Preform Optics“, за да ги надмине постоечките недостатоци на камерите под екранот.
Интересно е што Android конкуренцијата на Apple со години нуди поддршка за камери под екранот, а тоа го предводат Samsung, но и бројни брендови од Кина.
The post iPhone 19 добива нешто што Android телефоните го имаат со години appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде