Според некои програмери, совршената ротација на мониторот за развој на софтвер е 22 степени. Токму тоа го овозможува Linux.

Верувале или не, Linux е единствениот оперативен систем кој поддржува режим на дијагонален монитор кој може да се прилагоди на навалувањето според желбата на корисникот.

Имајќи го тоа на ум, некои X корисници, главно програмери, вршат притисок да ја донесат оваа функција на Windows и MacOS, тврдејќи дека „совршената ротација“ за развој на софтвер е 22 степени.

Linux is the only major operating system to support diagonal mode
(credit @xssfox) https://t.co/OIFA1LWAlq pic.twitter.com/3oTxat4ciI

— Daniel Feldman (@d_feldman) December 27, 2023

Како таа ротација изгледа во пракса, објави програмерот Даниел Фелдман на X.

Според програмерите, таа ротација овозможува најдобар работен простор на екранот бидејќи обезбедува најголема должина на линии на код, така што нема повеќе да се грижите за ограничувањето од 80 линии. Недостаток на таквата ротација е што веб-камерата на горниот дел од мониторот не може да остане цврсто на своето место, туку „лизга“.

Како точно можете да стигнете до режимот на дијагонален монитор на Linux, објави развивачот xssfox на својот блог.