Опра Винфри се појави на црвениот тепих на 81-то доделување на „Златните глобуси“ во Беверли Хилс, а сите беа маѓепсани од нејзината витка фигура.
69-годишната водителка заслепуваше во тесен виолетов фустан додека позираше во хотелот Беверли Хилтон.
Откако ТВ ѕвездата ослабе повеќе од 20 килограми, многумина се запрашаа која е тајната на нејзината витка линија.
Таа јасно нагласи дека не користела лек за слабеење кој во последните месеци станува се попопуларен меѓу оние кои сакаат да изгубат вишок килограми.
The post Опра Винфри покажа послаба фигура од кога било на доделувањето на наградите „Златен глобус“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде