ноември 23, 2024

„Трпението е доблест“, оваа стара изрека дефинитивно ја опишува животната приказна на човекот кој четири децении неуспешно ги користел истите лотариски броеви, а потоа по 40 години го освоил џекпотот од 1,7 милиони.

Фредрик Норијан од Масачусетс, САД е страствен играч на лотарија повеќе од четири децении. А бидејќи никогаш не се откажал од сонот и од освојувањето на лотаријата, среќата во еден момент го погледнала.

Човекот конечно го постигна џекпотот овој месец, и покрај тоа што шансите се еден на седум милиони.

Фредерик во средата на решил да ја добие целосната уплата од 1.228.365 долари (околу 1.121.312 евра), поради што изгубил речиси 25 отсто од добивката бидејќи не избрал исплатата да ја добие во помали делови како ануитет.

Но и покрај „ситната загуба“, имаше огромна сума пари за носење дома.

Норијан изјави дека е среќен, но дека тој и неговата сопруга си играат со исти бројки повеќе од 40 години, па вели дека правдата е задоволена.

Американецот раскажа како ќе го потроши своето ново богатство, а најголемиот дел ќе биде наменет за реновирање на неговата кујна.

The post 40 години играл иста комбинација на лотарија: маж добил џекпот од 1,7 милиони евра appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK