– Обилните снежни врнежи во подрачјата погодени од земјотресот во Јапонија ги отежнуваат спасувачките операции, каде бројот на загинати се искачи на 168, објавија денес јапонските медиуми.
Јапонската метеоролошка агенција забележа 13 сантиметри снег во областите погодени од земјотресот во префектурата Ишикава.
Властите соопштија дека има потврдени 168 загинати лица, додека 323 лица се водат како исчезнати, јави јапонскиот радиодифузен сервис НХК.
Илјадници луѓе сè уште престојуваат во засолништа, додека нема контакт со најмалку 2.300 луѓе поради уништените комуникациски линии, вклучително и патиштата.
Исто така, постои страв од ширење на Ковид-19 во центрите за евакуација, поради што властите размислуваат да ги префрлат погодените од земјотресот во хотели и гостински куќи надвор од префектурата, но лошото време го попречува тоа.
На Нова година, силен земјотрес со магнитуда од 7,6 степени го погоди Полуостровот Ното во префектурата Ишикава, уништувајќи згради и предизвикувајќи огромни штети на патиштата во регионот. Земјотресот беше проследен со стотици последователни потреси со помали магнитуди.
Следете не, не има насекаде