ноември 24, 2024

Мачката на Тејлор Свифт по име Оливија Бенсон е едно од најбогатите миленичиња во светот.

Мачката на пејачката Тејлор Свифт има пари за кои повеќето можат само да сонуваат. Оливија Бенсон е една од милениците на популарната пејачка и е вистинска богаташка, а нејзиното богатство се проценува на 97 милиони долари (околу 91,5 милиони евра), пишува магазинот „All About Cats“.

Таа е побогата и од нејзиното момче Тревис Келче. Неговото богатство се проценува на околу 40 милиони долари. Некои коментираа дека мачката е побогата од професионален фудбалер и му рекоа дека „ако има среќа, можеби еден ден ќе биде успешен како мачката на неговата девојка“.

Оваа мачка е популарна на социјалните мрежи, учествувала во музички спотови на пејачката, глуми во високобуџетни реклами и има своја линија на облека.

Инаку, Тејлор ја нарече Оливија по ликот Мариска Харгитај од серијата Закон и ред, пренесува Index.hr.

The post Мачката на Тејлор Свифт е побогата од нејзиното момче – учествувала во музички спотови и има своја линија на облека appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK