ноември 24, 2024

И додека од Влада тврдат дека анексот ќе се однесува само на продолжување на рокот, со искористување на веќе обезбедедените финансиски средства, чија вредност изминативе години од 400 скокна на 600 милиони евра – од ЈПДП за Канал 5 велат во моментов не може да се каже дали изгрдбата на 57 километарската делница, која никако да го доживее својот епилог, ќе се заврши со 600 милиони евра.

„ Што ќе содржи анексот и за рок за завршување на автопатот сѐ уште не може да се зборува затоа што преговорите траат. Во овој момент не може да говориме дали ќе има или не промена и во проекциите на чинење на изградбата.“- ЈПДП

Според информации на Канал 5 во дел од анализата која ја изготвиле екпертите за автопатот, се предлага продолжување на рокот, преку така наречено пријателско порамнување, односно ниту Синохидро ниту државата – не смеат да бараат оштета.

Високиот степен на физички извршените работи, финансиската реализација на проектот, степенот на решени отворени прашања и обезбедените финансиски средства со дополнителниот заем – биле клучни екпертите да дадат мислење за склучување на нов Анекс.
Ви предлагаме да се пристапи кон пријателско порамнување, односно продолжување со работите со прифатлив краен рок за двете страни, земајќи го во предвид предложениот краен рок за завршување на работите од страна на изведувачот и потребното време за решавање на отворените прашања од страна на инвеститорот, без оштетни побарувања од страна на изведувачот и без пресметување оштета заради доцнење на градежните работи од страна на инвеститорот. “

Изгрдбата на авотпатот почна во 2014 година, а рокот за изградба и досега неколку пати беше пролонгиран, потпишани беа 5 анекс договори, а со дел од нив порасна и цената. Остнатите делници од Коридоров 8 до границата со Албанија треба да ги гради конзорциоумот Бехтел и Енка.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK