Банките апелираат до граѓаните да внимаваат на обиди за злоупотреби на нивните картички. Во известувањата од банките се апелира граѓаните да не отвораат линкови од сомнителни СМС пораки и да не споделуваат податоци од картичките.
Банките предупредуваат дека е забележана измамничка кампања зад која стои лажна веб-страница која се испраќа преку СМС и е-пошта пораки со цел злоупотреба на податоците од картичките.
– Заштитете ги Вашите платежни картички од можна злоупотреба и не кликајте на линк добиен преку СМС или е-пошта порака за наводна „погрешна адреса“ или „вратена пратка“. За да се заштитите од злоупотреба, воопшто не споделувајте податоци од картичката на сомнителни страни, стои во дел од соопштенијата од банките.
Оттаму укажуваат дека доколку граѓаните ги внеле податоците од нивната картичка, потребно е веднаш да се јават во контакт центарот на матичната банка за да се блокира картичката.
Следете не, не има насекаде