ноември 24, 2024

Во светот, овој сос е познат под името “Алфредо сос”, а еве како да го припремите.
Кремастиот сос наречен “Алфредо” е кулинарски сон. Тој настанал во Рим, во 1920 година, а го создал Алфредо ди Лелио. До денес, ова е омилен сос кој се додава во многу јадења, пред сè во тестенини, но се служи и со варен зеленчук, месо на скара итн.
Еве како да го подготвите превкусниот Алфредо сос:

Потребни состојки:
– 2 лажички путер
– 2 чешниња лук (рендани)
– 1 шолја неутрална павлака за готвење
– сол, бибер
– ½ шолја свежо изрендан пармезан
Начин на припрема:
1. Растопете го путерот на тивок оган и во него додадете го изренданиот лук.
2. Пропржете малку, па додадете ја неутралната павлака.
3. Додадете сол и бибер, а потоа ставете го и ренданиот пармезан.
4. Мешајте додека состојките не се соединат, а потоа прелијте преку пастата.
5. Изрендајте уште малку пармезан врз шпагетите и по желба додадете неколку листови магдонос.
Уживајте!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK