Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 18 часот, во Блок 70 во Тетово, го лишија од слобода 36-годишниот Р.А. од тетовско Одри, по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје од 3 години, 11 месеци и 28 дена.
Тој ќе биде спроведен во оваа установа, а бил осуден за сторено кривично дело “тешка кражба” и “обид за тешка кражба”. Истовремено, биле расчистени уште 2 тешки кражби и 2 обида во кои бил инволвиран Р.А..
Следете не, не има насекаде